Реал Мадрид ќе го врати Нико Паз следното лето

 Реал Мадрид планира да го врати Нико Пас во своите редови, во летниот преоден рок во 2027 година. Веста ја пренесуваат шпанските медиуми, бидејќи аргентинскиот фудбалер има одлични настапи во дресот на Комо.

Нико Пас, во Комо, во ланската сезона на 35 натпревари постигна 12 гола со седум асистенции, а во тековната сезона на 14 натпревари има шест голови и осум асистенции.

Во неговата држава веќе го гледаат како наследник на Лионел Меси и Диего Марадона.

Пас во Комо дојде од Реал Мадрид, во летото 2024 година за шест милиони евра. Во првиот договор Реал Мадрид задржа 50 отсто од следната продажба и можност фудбалерот да го врати под посебни поволни услови. Но, во летниот преоден рок Комо плати дополнителни 60 милиони евра, а Реал ја задржа можноста за враќање на играчот.

Сепак тоа враќање може да го чини Реал Мадрид 80 милиони евра, а според шпанските медиуми „кралскиот клуб“ планира тоа да го искористи.