КОНМЕБОЛ најави дека ќе гласа за Инфантино

Раководството на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) по состанокот синоќа во колумбискиот град Баранкиља ја повтори својата едногласна поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино да остане претседател на ФИФА.

„Ова е признание за лидерството на сегашниот претседател на ФИФА и позитивните промени во фудбалот“, објави КОНМЕБОЛ.

Инфантино стана претседател на ФИФА во 2016 година и ќе го бара својот четврти мандат на изборниот конгрес што ќе се одржи во мароканскиот главен град Рабат, во март идната година.

Негови противкандидати ќе бидат актуелниот претседател на Француската фудбалска асоцијација Филип Дијало и почесниот претседател на Јапонската фудбалска асоцијација Кохза Ташима.

Претходно, поддршка на кандидатурата на Инфантино изрази и Унијата на арапски фудбалски асоцијации (УАФА), која брои 22 членк