Тиквеш со три гола и три бода се враќа од дербито против Вардар

Тиквеш убедливо со 0-3 го совлада Вардар на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Со одлична и доминантна игра, кавадарчани славеа големи три бода, надигрувајќи го целосно актуелниот првак и тоа на негов терен.

Гостите тргнаа одлично, и уште во 9. минута се заканија преку Лусианињо, но Тиквеш со врвот на прстите успеа да спаси.

Сепак, Талески не успеа да спаси во 16. минута. Прекрасен гол на Ренатињо кој од 35 метри со одличен лоб удар го отвори резултатот. Иако се проверуваше голот, сепак, на крајот голот беше потврден.

Во 28. минута шут на Лавал, брани Талески. Бабунски ја имаше првата шанса за Вардар, Стевковски беше одличен. Во 42. минута 0:2. По одличен противнапад, Луисанињо излезе сам пред голот и одкосо од десно го совлада Талески.

Второто полувреме донесе нешто поактивна игра на Вардар, но Стевковски не дозволи да биде совладан по ударите на Пиреш и Омерагиќ.

Тиквеш трпеливо ја чекаше својата шанса, и ја дочека во 62. минута. По одлична акција, Николовски доби топка во длабочина, излезе сам и го мина и Талески, по што не му беше тешко да ја спроведе топката во мрежата за 0-3.

До крајот на мечот шанси за Вардар имаа и Омерагиќ и Кастањеда, но во двата наврати Стевковски беше феноменален, и така го одбрани својот гол, потврдувајќи ја убедливата победа на Тиквеш од Скопје.