Просинечки фаворит за селектор на Бугарија

Роберт Просинечки би можел да биде следниот селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија. Според информациите што ги објавуваат хрватските медиуми, поранешниот хрватски репрезентативец е еден од најсериозните кандидати за преземање на националниот тим.

Бугарската фудбалска федерација е во потрага по нов селектор, но конечната одлука сè уште не е донесена. Освен Просинечки, во комбинација се споменуваат и еден српски тренер, како и актуелниот селектор на бугарската репрезентација до 19 години.

Просинечки има богато искуство во работата со национални селекции. Во минатото ги предводеше Азербејџан, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а последниот ангажман му беше на клупата на Киргистан, со кој ја прекина соработката во август 2026 година.