Ерик Гарсија прв пик на Луис Енрике следното лето

Ерик Гарсија, кој дејствува во одбраната на Барселона, во наредното лето може да добие понуда да се пресели во редовите на ПСЖ, најавија денеска дел од медиумите.

Парижаните наводно, се подготвени да понудат околу 70 милиони евра за 25-годишниот дефанзивец. Тој има договор со шпанскиот состав до 2031 година а во претходната сезона забележа 51 настап во сите натпреварувања.

Репрезентативецот на „фуријата“ може да дејствува и на страничните позиции а тренерот на „светците“, Луис Енрике, верува дека Гарсија ќе биде одлично засилување за тимот.