Ламин е фаворит на Нејмар за освојувач на „Златната топка“

Ламин Јамал доби признание од човекот на кого отсекогаш се угледувал. Бразилската ѕвезда Нејмар не штедеше комплименти за младиот фудбалер на Барселона, посочувајќи дека во моментов го смета за најдобар играч во светот.

Нејмар отворено ја изрази својата поддршка за шпанскиот репрезентативец, за кого верува дека е главен фаворит за освојување на престижната „Златна топка“.

Јамал, и покрај младоста, веќе се етаблираше меѓу најдобрите во светскиот фудбал. Со своите извонредни настапи во дресот на Барселона и шпанската репрезентација, младиот ас продолжува да ја воодушевува фудбалската јавност.