Големи три бода за Челзи на теренот на Евертон

Челзи со 2-0 го победи Евертон на Гудисон Парк, триумфот беше во сенка на повредата на голманот Емилијано Мартинез кој на носилки беше изнесен од теренот.
Во првото полувреме немаше голови, но по само неколку секунди игра во вториот дел Нето му донесе водство на Челзи од 1-0.
Околу 65. минута се случи повредата на Мартинез. Голманот на Челси се судри со Брентвајт, удар со главите беше тоа, подебелиот крај го извлече Аргентинецот. Фудбалерот на Евертон го продолжи мечот, а врз Мартинез се вршеше долга медицинска интервенција, на крајот со носилки беше изваден од теренот.
Во текот на денот се очекува да се знае колку е тешка повредата на Мартинез и дали тој ќе треба да паузира извесно време.
Нето го даде и вториот гол за Челзи, погоди во 90. минута поставувајќи ги конечните 0-2.