Николов донесе минимална победа на Вардар од Штип

Штипјанецот донесе победа за Вардар од Штип. Бобан Николов погоди за три бода на скопските „црвено-црни“ од мечот против Брегалница. И покрај тоа што штипјани не беа надиграни, беа рамноправен противник, сепак, на крајот мораа да се помират со пораз, а Вардар освојува важни три бода во битката за титулата.

Одличниот почеток на мечот Брегалница, сепак, не го „круниса“ со предност. Имаше шанса преку Глигоров уште во почетните секунди, а потоа и Иван Николов имаше прилика во 18-тата минута, но промена на резултатот немаше. Немаше предност за домашнтие ниту во 20. минута кога Рајков со глава се обиде само крај голот.

Затоа штипјани беа „казнети“ во 24. минута. Центаршут на Јанкулов од десната страна, исфрли Коцев, само до Николов кој од прва шутираше и погоди во голниот десен агол од голот на Филевски.

Продолжија нападите на Брегалница, па Стојанов беше во шанса во 39. минута, кога одлично одбрани Талески.

Вториот дел почна исто така со прилика за домашните. Во супер шанса се најде Максимов, но откако излезе сам пред голот се сплетка, па така Талески му ја собра топката. Во 83. минута шанса и за Вардар за 0:2, но обидот на Закариќ одлично го одбрани Филевски.

Последната шанса да се спаси од пораз Брегалница ја имаше во 89. минута кога Николов се најде во добра шанса, но со многу среќа вардарци се одбранија, и успеаја да ги освојат трите бода од овој натпревар.

Идното коло Брегалница гостува кај Арсими, додека Вардар го игра голем