Алкалоид со голема залиха патува во Австрија

Алкалоид победнички ја отвори новата сезона на европска сцена откако на првата средба против Ферлах на домашен терен славеа со 31-22 (16-11) во првиот натпревар од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.
На оваа средба поради повреди во составот не беа Ненад Костески и Вуко Борозан.
Марко Митев со осум гола беше прв стрелец во редовите на Алкалоид, зад него беше Никола Костески со шест. Галевски запиша 10 одбрани, две од нив од седум метри.
Реванш натпреварот се игра за една недела на теренот на Ферлах.