Нови два гола на Халанд, Сити го надигра Ипсвич

Maнчестер Сити предводен од Ерлинг Халанд славеше победа над Ипсвич од 3-2 и така остана со максимален учинок и по седум кола, а триумф во ова коло со пресврт забележа и Ливерпул со 2-1.
Сити од самиот почеток ја наметна својката игра, додека Ипсвич беше повлечен и размислуваше само на својот гол. Резултатот беше отворен во 19-тата минута кога Фил Фоден ја искористи асистенцијата од Доку и погоди за 1-0.
Иако, гостите ретко поминуваа на противничката половина, сепак само две минути по голот на Фоден, Маеда погоди за израмнување. Халанд на сцена стапи во 34-тата минута кога го постигна својот прв гол на натпреварот за 2-1.
Во второто полувреме гледавме слична слика на теренот со по уште еден гол на двете страни. Халанд повторно беше стрелец за Сити во 69. минута, а еден негов погодок во 85-тата минута беше поништен поради офсајд. Ипсвич во 90-тата минута од пенал преку Флеминг постигна втор гол, но немаше сили за нешто повеќе.