Охрид и Алкалоид добија поволни ривали во ЕХФ Еврокупот

Македонските претставници во Европскиот куп на ЕХФ, ГРК Охрид и Алкалоид ги дознаа своите противници за третото коло од ова натпреварување. Охриѓани како бранител на трофејот во третата рунда ќе се судрат со литвански противник во името на Драгунас Клаипеда. Од друга страна Алкалоид налета на Горење Велење од Словенија.
Првите натпревари од оваа рунда се играат на 21/22 ноември, додека реваншите се на 28/29.
Согласно правилата при извлекувањето, Охрид ќе го игра првиот натпревар во Клаипеда, а реваншот на домашен терен. Алкалоид, пак, беше извлечен прв и прво ќе го дочека словенечкиот ривал во Скопје, па ќе патува за Велење.