Роналдо се враќа во репрезенативниот дрес

Според португалскиот весник „О Жого“, 41-годишниот напаѓач на Ал Наср се наоѓа на прелиминарниот список на селекторот Жорже Жезус, иако претходно ја напушти репрезентативната база по несогласувањата со тренерот.
Конфликтот избувна откако Роналдо остана на клупата во победата над Норвешка со 2-1, по што не го дочека крајот на репрезентативниот собир, туку самоволно замина од тимот.
Португалскиот капитен доби едномесечна суспензија и парична казна од 255 евра за напуштањето на репрезентацијата. Сепак, дисциплинската мерка не би требало да го спречи да настапи на претстојните натпревари.
Кристијано Роналдо би можел да се врати во репрезентацијата на Португалија за ноемвриските натпревари против Данска и Велс во Лигата на нациите.