Балде заминува од Барса оваа зима

Левиот бек на Барселона, Алехандро Балде, размислува за заминување од „Камп Ноу“ во зимскиот преоден рок поради малата минутажа што ја добива оваа сезона. Според информациите на „Мундо Депортиво“, шпанскиот репрезентативец веќе ја разгледува можноста за промена на средината.

Балде досега настапил на четири натпревари, но ниту еднаш не бил стартер. Во борбата за местото во тимот предност пред него имаат Жоао Кансело и Хави Еспарт, па 23-годишниот фудбалер сè потешко доаѓа до вистинска можност.

Неговиот договор со Барселона е до 2028 година, па евентуалното заминување ќе зависи и од ставот на каталонскиот клуб.