Вардар 1961 убедливо го надигра Еурофарм Пелистер во првото сезонско дерби

Носени од својата публика и „Комитите“ и во одлична атмосфера во СЦ Јане Сандански, ракометарите на Вардар го добија големото дерби против Пелистер со 31-23, и со тоа останаа перфектни на чело на табелата во ракометната Суперлига, нанесувајќи му го првиот пораз на битолскиот состав оваа сезона во домашното првенство. Дополнителен декор додадоа и „Чкембарите“ кои пристигнаа во финишот на првиот дел, па атмосферата беше дополнително „запалена“ во скопската сала.
Љевар со седум голови беше најефикасен кај победничкиот тим. Педро после него следуваше со шест. Кај Пелистер, најефикасен беше Кузмановски кој уфрли девет погодоци, но ја немаше поддршката од своите соиграчи. После него Пешевски со четири беше најефикасен.