Артета: Победата на „Енфилд“ ме прави горд

Менаџерот Микел Артета по средбата со Ливерпул не го криел задоволството и фактот дека е горд за триумфот на „Енфилд“, со кој „топчиите“ направија предност и во однос на второпласираниот Манчестер Сити.
– Посебно горд сум на оваа победа, поминаа 14 години без ваков резултат, а тоа е долго време.Сигурен сум дека ги направивме горди сите оние кои му се приврзани на Арсенал, не само поради победата, туку и поради начинот на кој дојдовме до неа.
Овој резултат има дополнително значење затоа што е постигнат по она што ни се случи пред четири дена, кога бевме елиминирани од Карабао купот од екипа за која се очекуваше дека лесно ќе ја победиме.
Тоа е убавината на оваа игра, може да те одведе на навистина лошо место, но четири дена подоцна можеш да постигнеш нешто историско и ние го направивме тоа, – рекол Артета.