Меси изведе „магија“ и донесе победа над Њу Ингланд Револушн

Уште еден шампионски натпревар на Интер Мајами во МЛС лигата и новата феноменална игра на Лионел Меси. Аргентинскиот ветеран беше стрелец и асистент во победата на својот тим над Њу Ингланд, 2:1. Лионел стигна до бројката од 937 гола во својата кариера и продолжи да го брка Кристијано Роналдо, кој се приближува до илјада гола.
Голот на Меси против Њу Ингланд беше чиста магија. Начинот на кој само тој може да го направи тоа. Помина покрај тројца одбранбени играчи на домашниот тим пред да ја лансира топката во подалечниот агол.
Пред тоа, Меси му асистираше на Херман Бертераме за израмнување, откако Њу Ингланд поведе со голот на Даниел Газдаг.