Макаби Тел Авив ќе биде домаќин во Евролигата во Лимасол

По три години минати во Белград, Макаби Тел Авив повторно ја менува локацијата на која ги игра домашните натпревари во Евролигата.
Израелскиот клуб ја напушта салата „Пионир“, а до крајот на сезоната ќе биде домаќин во салата „Спирос Кипријану“ во Лимасол, на Кипар.
Новата промена ќе стапи на сила од 11. коло, кога тимот на Одед Каташ ќе го одигра дербито против градскиот ривал Хапоел Тел Авив.
Евролигата официјално ја потврди одлуката, со напомена дека внимателно ќе ја следи безбедносната состојба во регионот и ќе остане во контакт со сите релевантни страни.
Доколку дојде до нормализирање на ситуацијата, можно е повторно да се разгледаат условите за промена на оваа одлука.