Јунајтед ќе го доведе Ајван Тони во јануари

Славниот Манчестер Јунајтед имаше лош почеток на сезоната, па затоа е сè поизвесно дека „Црвените ѓаволи“ ќе бидат активни за време на јануарскиот преоден рок.

Бројни фудбалери се поврзуваат со доаѓање на „Олд Трафорд“, а најновите информации од Англија велат дека еден од приоритетите на славниот клуб е засилување на нападот.

Ајван Тони, напаѓач кој моментално игра во Саудиска Арабија за Ал-Ахли, наводно е на врвот на листата на желби на Манчестер Јунајтед.

Според тие информации, клубот размислува да го доведе на позајмица до крајот на сезоната, по што би разговарале за евентуално откупување на неговиот договор.

Пазарната вредност на Тони се проценува на околу 20 милиони евра, па Јунајтед не би имал финансиски проблеми да го спроведе овој договор доколку сите заинтересирани страни постигнат договор.

Англискиот напаѓач игра во одлична форма. На девет лигашки натпревари за Ал-Ахли, тој постигна дури 13 гола, на кои додаде и две асистенции.

Тони веќе остави длабока трага на Островот, а се пресели во Саудиска Арабија во 2024 година од Брентфорд.