Барса и Рафиња заедно до 2030 година

Рафиња кој игра фантастично во досегашниот дел од оваа сезона и е играч број еден на Барса, стави потпис на нов договор со каталонскиот клуб.
Барселона денеска официјално соопшти дека го продолжува договорот со Рафиња до 30 јуни 2030 година.
Бразилецот на „Камп Ноу“ пристигна летото 2022 година и досега одигра 190 натпревари за каталонскиот гигант, постигна 94 голови.
Оваа сезона го игра најдобриот свој фудбал, досега има 19 голови, 15 во Ла Лига и четири во ЛШ. Во моментов е најдобар стрелец во Ла Лига.