Холанѓанецот Ренш ќе паузира до крајот на ноември

Бекот на Рома, Девајн Ренш, кој се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед, ќе отсуствува од стадионите околу три недели, објавија денеска италијанските медиуми.
Новите лекарски прегледи потврдија дека станува збор за кинење на адукторниот мускул на десната нога што значи дека фудбалерот ќе мора да има подолг процес на рехабилитација.
Во тимот на „волчицата“ за саботниот натпревар со Сасуоло во Серија „А“ се очекува враќање на двајца клучни играчи – Пауло Дибала и Ману Коне.