Едвардс открива како Јунајтед трошел пари по ерата на Ферги

Поранешниот претседател на Манчестер Јунајтед, Мартин Едвардс, признава дека по заминувањето на Алекс Фергусон и Дејвид Гил, клубот не потрошил доволно средства за да се бори за титулата.
„Сити имаше огромна предност на краток рок бидејќи не ги почитуваше правилата додека другите клубови ги почитуваа. Тоа им даде огромна предност“ – рече Едвардс.
„Веројатно немаше да можеме да се натпреваруваме со нив но, дефинитивно можевме да се натпреваруваме со Ливерпул, Арсенал и другите екипи“ – нагласи Едвардс.