Грилиш ќе остане надвор од стројот во Евертон

Тренерот на фудбалерите на Евертон, Дејвид Мојс, потврди дека Џек Грилиш, останува под суспензија и нема да биде на списокот за денешниот меч со Ковентри во Премиер-лигата.

Познато е дека 31-годишниот играч од средината на теренот пропушти две средби поради „прекршување на дисциплината“.

„Џек е недостапен. Нема да ги откривам деталите од нашиот план но, наскоро повторно ќе започнеме да работиме со Џек“, рече Мојс.