Верстапен: Сакам да има помалку трки во сезоната

Возачот на Ред Бул во Формула 1, Макс Верстапен, вели дека треба да се намали бројот на трките во една сезона.
„Според мене, 24-ри Гран При трки се многу. Се сеќавам кога започнував бројот на трките по сезона беше 17 или 18. Секако, би сакал да има помалку трки но, во исто време ги разбирам причините зошто нивниот број е зголемен“ – вели Холанѓанецот.
„За жал, мојот договор не вклучуваше зголемување на платата во зависност од тоа колку трки ќе возите по сезона – 17-18 или 24. Можеби вреди да се обрне внимание на тој момент“, рече Верстапен.