Емери ќе ја продолжи соработката со ПСЖ

Унаи Емери и Астон Вила се на добар пат да ја продолжат соработката, откако двете страни постигнаа начелен договор за заедничката иднина. Шпанскиот стратег е задоволен од проектот во Бирмингем, а раководството на клубот сака да го задржи како главна фигура во спортскиот развој и во наредните години.

Емери има договор со Астон Вила до 2029 година, но по последните разговори станува сè поизвесно дека неговиот престој ќе биде продолжен. Интересот на Манчестер Јунајтед за шпанскиот тренер дополнително ги забрза активностите на раководството на клубот.

Само еден ден по поразот од Барселона во Лигата на шампионите, Емери одржа состанок со претседателот Насеф Савирис и водечките луѓе на клубот. Разговорите биле насочени кон долгорочната стратегија и амбициите на Астон Вила.