Хорхе Мартин ќе вози во Катар

Шпанецот Хорхе Мартин доби медицинска дозвола за настап на првиот слободен тренинг пред ГН на Катар, со што направи значаен чекор кон враќањето на патеката по повредата заработена во Австралија.
Возачот на Априлија во петок ќе се појави на патеката „Лусаил“, но неговото учество во продолжението на тркачкиот викенд ќе зависи од дополнителна медицинска проценка.
Шпанецот во четврток го помина прегледот на медицинскиот тим на Мото ГП, предводен од доктор Анхел Чарте, по што доби статус дека е „фит“.
Тоа значи дека има дозвола да го започне викендот, но по првата тренинг-сесија лекарите повторно ќе ја проценат неговата состојба и ќе одлучат дали може да продолжи со натпреварувањето.