Порзингис заминува од Голден Стејт

Летонскиот центар сè уште нема одиграно ниту еден натпревар во новата сезона, а датумот на неговото враќање е неизвесен поради здравствени проблеми чија точна природа не е позната.
Поради тоа, Голден стејт се обидува да најде решение за неговата иднина, па дури и да го размени. Порзингис има релативно поволен договор за трејд, со годишна плата од 20 милиони долари.
Според информациите на инсајдерот Брет Сигел, три екипи покажале интерес за неговите услуги. Станува збор за Милвоки бакс, Чикаго булс и Њу Орлеанс пеликанс.
Во случајот со Милвоки, се шпекулира дека Бакс би можеле да го испратат Мајлс Тарнер во Сан Франциско.
Тој има голем договор, а наводно не е задоволен од ситуацијата во Висконсин, каде што тимот бележи слаби резултати и нема реални шанси за борба за титулата. Тарнер би можел значително да ја подобри одбраната на Голден стејт, но и да донесе дополнителна димензија во нападот.
Станува збор за центар кој може да погодува од дистанца, што е особено важно покрај Дрејмонд Грин.
Порзингис има договор и за следната сезона, но од предвидените 20 милиони долари гарантирани му се само три милиони.