Познати осуммината кои ќе играат во Торино, Ѓоковиќ не се квалификува на завршниот Мастерс

По четвртфиналните пресметки на мастерс турнирот во Париз, беше разрешена и последната дилеми околу патниците за Торино, сега е комплетирана листата на сите учесници на завршниот турнир.
Раната елиминација на Ѓоковиќ во Париз значеше дека тој ги загуби сите шанси за место во Торино.
Последен патник таму е шпанскиот тенисер Рафаел Ходар кој профитираше од победата на Карлос Алкараз над Тејлор Фриц.
Покрај Рафаел Ходар, во Торино ќе настапат и Александер Зверев, Карлос Алкараз, Бен Шелтон, Данил Медведев, Флавио Коболи, Артур Фис и Френсис Тијафо.
Завршниот турнир се игра во Торино од 15 до 22 ноември, ждрепката за двете групи е закажана за 12 ноември.