Меси би останал во Мајами и по 2028 година

Лионел Меси планира да ја продолжи кариерата во Интер Мајами, со што ги намалува шансите за враќање во Аргентина и завршување на кариерата во клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори.

Во аргентинските медиуми во изминатиот период се шпекулираше дека легендарниот фудбалер би можел да се врати во Њуелс Олд Бојс, но неговите планови засега се насочени кон продолжување на авантурата во САД.

Според информациите, Меси веќе им порачал на челниците на Интер Мајами дека и во наредниот период сака да остане дел од клубот. Аргентинецот има договор до декември 2028 година, но постоеше можност двете страни повторно да разговараат за иднината пред крајот на 2026 година.

Меси одлично се чувствува во Мајами, каде што ужива во животот со своето семејство, па не ја исклучува ниту можноста да го продолжи престојот во клубот и во 2029 година.