Ромарио за Анчелоти: Нека се спакува и нека исчезне!

Ромарио беше еден од оние кои не му изгласа доверба на Карло Анчелоти уште по елиминацијата од Норвешка на Светското првенство, но неколку месеци подоцна, славниот голгетер има уште полошо мислење за трофејниот италијански стрaтег.
– Анчелоти – доста е веќе! Пакувај си ги куферите и исчезни! Никој не ја оспорува твојата кариера. Ти си еден од најголемите тренери што ги видел светскиот фудбал, но важи за клупско ниво. Со бразилската репрезентација, досега немаш покажано апсолутно ништо. Навистина ни прекипе!
– Сакаш ли и понатаму да бидеш тренер? Врати се во клубовите, таму каде што се прослави. Бразилската репрезентација не може да си дозволи само да „чека и да гледа“.
А сега, една порака и до претседателот на бразилската Конфедерарција, Самир Шауд: Млад си, Бразилец си и верувам дека го сакаш најдоброто за нашиот фудбал.
Време е да покажеш дека имаш храброст да донесеш вистинска одлука. Господине претседателе,по ѓаволите…… Избркајте го Анчелоти!
Не смее да се поигрува со дресот на националниот тим. Доволно се посрамотивме, не смееме да ризикуваме да упропастиме уште едно Светско првенство. Кога ќе заврши следното Светското првенство, ќе биде предоцна за жалење. Време е за акција сега!, – гласи бруталната порака на Ромарио.