Баерн бара луда сума за Олисе следното лето

Баерн Минхен постави астрономска цена за својата ѕвезда Мајкл Олисе, поради сериозниот интерес на Реал Мадрид.

Според шпанскиот весник „АС“, германскиот шампион би прифатил преговори за францускиот репрезентативец за сума меѓу 200 и 300 милиони евра. Олисе има 24 години и пристигна во Минхен во летото 2024 година од Кристал Палас за 53 милиони евра. Со своите настапи брзо се наметна како еден од најважните играчи на Баерн. Неговиот актуелен договор важи до јуни 2029 година, а клубот веќе се обидува да го убеди да потпише нов, финансиски подобрен договор.

Доколку Реал Мадрид навистина плати 200 милиони или повеќе, трансферот би го надминал светскиот рекорд од 222 милиони евра, колку што Пари Сен Жермен плати за Нејмар во 2017 година.