Данецот Франк е нов менаџер на Кристал Палас

Пред неколку дена Кристал Палас остана без тренер откако му врачи отказ на Пјер Саж, сега стигнува информацијата дека е договорен неговиот наследник.
Томас Франк ќе биде нов тренер на Кристал Палас. Двете страни си подале рака, имаат вербален договор кој наскоро ќе биде ставен на хартија.
Тој ќе потпише договор со трајност до јуни 2029 година.
Франк со голем успех го водеше Брентфорд каде остана дури седум години, од 2018 до 2025 година. Потоа имаше неуспешна авантура во Тотнем по што остана без работа.