Андреева ја скокна Сабаленка на ВТА листата

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина го задржа првото место на најновата ВТА листа со 8.099 поени, зад неа е руската тинејџерка, Мира Андреева, која во неделата го освои ВТА финалето, во Индијан Велс.

Мира Андреева, на импресибен начин ја освои титулата во Индијан Велс. Победи во сите ме мечеви, без да загуби сет.

Таа е втора со само 293 поени зад Рибакина.

Арина Сабаленка, во финишот на сезоната, не само што остана без брпјот1, туку ја загуби и втората позиција. Таа е трета со 6.685 поени, додека Американката Коко Гоф е на четвртото место со 6.163 поени.

Петтиот рекет во светот е уште една Американка, Џесика Пегула, која има 6.160 поени, само три помалку од Гоф. Следи Украинката Елина Свитолина со 5.921 поени, која го задржа шестото место.

Напредок од една позиција забележа Чехинката Линда Носкова, која сега е седма со 4.743 поени. Нејзината сонародничка Каролина Мухова падна за едно место и е на осмата позиција со 4.665 поени.

Меѓу првите десет се Полјачката Ига Швјонтек, на деветтото место со 4.188 поени, и Украинката Марта Костјук, која е десетта со 3.910 поени.