Одредени кандидатите за престижната награда на „Globe Soccer 2026“

Најголемите фудбалски ѕвезди ќе се соберат на 28 декември во Обединетите Арапски Емирати, каде што ќе бидат доделени престижните награди „Globe Soccer 2026“. Меѓу кандидатите за најдобар фудбалер се Хари Кејн, Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе и минатогодишниот победник Усман Дембеле.
Најголем број претставници има Пари Сен Жермен, со вкупно 13 номинирани фудбалери во различните категории. Меѓу нив се Дембеле, Витиња, Ашраф Хакими, Хвича Кварацхелија и Жоао Невеш.
Во конкуренција за најдобар тренер се Луис Енрике, Луис де ла Фуенте, Микел Артета, Сеск Фабрегас и Унаи Емери.
За најдобар клуб се номинирани ПСЖ, Реал Мадрид, Барселона, Арсенал, Баерн, Интер, Астон Вила и Фламенго.
Гласањето за финалистите е отворено до 30 ноември, а конечниот избор ќе биде комбинација од гласовите на навивачите и стручното жири, во кое се наоѓаат легенди како Марчело Липи, Антонио Конте, Икер Касиљас и Луиш Фиго.