Арда го продолжи договорот со Реал Мадрид

Арда Ѓулер го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2032 година.
Турскиот репрезентативец потпиша нов договор со „кралевите“, со кој е потврдена неговата долгорочна иднина на „Сантијаго Бернабеу.
Шпанскиот гигант официјално потврди дека Ѓулер ќе остане во клубот до 30 јуни 2032 година, со што стави крај на шпекулациите за неговото заминување.
Интерес за Гулер имаше од европскиот шампион ПСЖ.