Франција рутински обезбеди место на Мундобаскетот во Катар

ошаркарската репрезентација на Франција е првиот национален тим што обезбеди пласман на Светското првенство во 2027 година, откако на гостувањето ја совлада Естонија со 81:73.
Французите ја запишаа осмата победа на девет натпревари во квалификациите и на тој начин математички го потврдија учеството на Мундобаскетот, кој следната година ќе се одржи во Катар.
Силвен Франциско беше најефикасен во победничкиот состав со 19 поени. Амин Нуа додаде 13, Лионел Году 12, а Џоел Аџаји 11 поени. Посебно внимание привлече и дебито на младиот Уго Џимга-Мукури, кој во својот прв настап за сениорската репрезентација постигна четири поени.
Кај Естонија најдобар беше Артур Конончук со 23 поени, додека Анри Дрел, Каспер Трејер и Каспер Суорг постигнаа по 13.