Интер постигна нов договор со Лаутаро Мартинез
Лаутаро Мартинез е еден од најважните играчи на Интер и оваа сезона, па јасно е зошто Барселона толку многу се обидуваше да го доведе. Во Интер добро знаат дека мораат да ги подобрат условите од договорот на Лаутаро ако сакаат да го задржат на подолг период. Според информациите на италијанските медиуми пред Лаутаро има понуда за нов договор. Сегашниот на Лаутаро му истекува во 2023 година, а Интер му нуди нов со повисока плата и со важност на дополнителна една година. Се шпекулира дека е постигнат договор за плата од 7 милиони евра по сезона.