Реал Мадрид нема да ги продолжи договорите на тројца важни играчи

Шпанскиот новинар Хозе Феликс Диаз објави дека Реал Мадрид донесе одлука да не ги продолжи договорите со Иско, Марсело и Герет Бејл.
На сите овие играчи договорите истекуваат наредното лето, односно во 2022. година, а доколку клубот за нив не добие понуди, тие ќе можат да си заминат како слободни играчи.
Најдолго од тројцата играчи во Реал се задржа Марсело, кој пристигна во 2007. година и за актуелниот шпански првак одиграл 517 натпревари. Втор по стаж е Иско, кој пристигна во 2013. година и настапи на 321 натпревар.
Истата година дресот на Реал го облече и Бејл, кој има 70 настапи помалку од Иско и во моментот е позајмен играч во Тотенхем.
Постои можност кралскиот клуб на крајот од оваа сезона бесплатно да остане и без капитенот Серхио Рамос, кој се поврзува со трансфер во ПСЖ.