Повредата на Кејн – крај на соништата за Тотенхем?

Според првичните информации, Хари Кејн ќе мора на подолга пауза.
Како што јавуваат англиските медиуми, повредата на Кејн не е наивна и тој би можел да паузира месец и половина.
Во тој период, Тотенхем ќе ги одигра клучните натпревари во борба за трофеи.
Доколку Кејн е надвор од теренот до втората половина од март, ќе ги пропушти натпреварите против Челзи, Манчестер Сити и Арсенал, како и уште пет натпревари во Премиерлигата, потоа двомечот со Волфсбергер во 1/16 финалето од Лига Европа и потенцијалното осминафинале, како и гостувањето кај Евертон во ФА Купот.
Се уште се чека официјална потврда, но според очекувањата Кејн го чека подолга пауза и тоа во клучниот период во кој Тотенхем може да ги заврти работите во своја корист.
Се поставува главното прашање – кој ќе го замени Кејн во тој период, ако Мурињо вели дека не го гледа Бејл на таа позиција, а Карлос Винисиус ја нема довербата на тренерот?