Клубовите ќе можат да им забранат на играчите да играат за репрезентација?!

Фудбалските клубови ќе можат на своите играчи да им забранат да одат на репрезентативните собири идниот месец, одлучи ФИФА. Клубовите досега беа задолжени да ги пуштат своите играчи за репрезентативни обврски, но коронавирусот влијаеше на промена и на ова правило. Клубовите сега имаат можност да им забранат на играчите да одат во одредена држава, доколку при враќањето од таа држава мораат во карантин од барем пет дена. На пример, на црвената листа на земји во Велика Британија се наоѓаат Португалија и одредени афрички земји, па играчите кои би патувале таму ќе мораат во карантин по враќањето. Така, Манчестер Јунајтед ќе може да му забрани на Бруно Фернандеш да игра за Португалија, доколку оваа држава остане на црвената листа во Велика Британија.