Кутињо се сели во Серија А, Милан преговара со Бразилецот
Милан игра одлично оваа сезона и се бори за Скудетото, па се очекува после неколку години конечно да се врати во Лигата на шампиони.
Раководството на „росонерите“ сака на лето да донесе нова ѕвезда во тимот, а прв на листата желби е Филипе Кутињо од Барселона. Бразилецот оваа сезона се врати на „Камп Ноу“ и добро ја отвори сезоната, но заработи тешка повреда и ќе биде надвор од терените до април.
Каталонците сакаат да го продадат на лето, а Милан е еден од најзаинтересираните клубови за неговиот потпис.