Хонда само што дојде, веднаш си замина од Портимоненсе

Јапонскиот фудбалер од средниот ред, Кејсуке Хонда, го напушти португалскиот Портимоненсе само една недела откако го потпиша договорот на 4 февруари. 34-годишниот Јапонец кој претходно играше за бразилскиот Ботафого доби дозвола да се врати во Европа и да побара нов клуб. Иако тоа навистина се случи, Портимоненсе од аминистартивни причини не успеа да го регистрира на време и тој мораше да си замине. Хонда кој во минатото ги бранеше боите ЦСКА Москва и Милан, ќе се обиде да пронајде нов клуб бидејќи сака да избори место во олимписката репрезентација на „самураите“ за летните Игри во Токио.