Нуно Мендеш на радарот на Милан како алтернатива за Тео Хернандез

Милан во летниот преоден рок сака да донесе лев бек, кој ќе биде алтернатива за Тео Хернандес. Прв на листата желби е Нуно Мендеш. 18-годишниот дефанзивец е младински репрезентативец на Португалија и важи за еден од најголемите таленти во Европа. Мендеш може да игра како лев бек и како стопер, а за него интерес покажуваат многу европски гиганти. Сепак, овој трансфер е тежок за реализација бидејќи Спортинг бара да биде платена откупната клаузула која изнесува 45 милиони евра. Втор на листата желби е левиот бек на Сантос, Матијас Виња. Уругваецот со своите одлични настапи во Копа Либертадорес го привлече вниманието на многу европски клубови, а неговата цена е околу десет милиони евра.