Како изгледа новата јахта на Абрамович вредна над 400 милиони евра

Рускиот тајкун и сопственик на Челзи, Роман Абрамович е голем љубител на јахти, а деновиве доби нова „играчка“ вредна 430 милиони евра. Абрамович во својата колекција има дури осум скапоцени јахти, а последната во збирката е наречена Соларис и вреди скоро половина милијарда евра. Оваа јахта започна да се гради пред три години, долга е 140 метри и тешка 11 илјади тони. Најголемата брзина која ја достигнува е 18 чворови (33,33 километри на час), има 48 кабини и осум палуби. Абрамович на неа ќе може да дочека повеќе од 40 гости, заедно со екипаж од 60 луѓе. На јахтата, помеѓу останатото, ќе има хелиодром, базен, теретана, бар и неколку ресторани. Освен Соларис, кој изгледа навистина свемирски, Абрамович сака да се пофали и со суперјахтата наречена Еклипс, која пред 11 години ја плати 450 милиони евра. Абрамович во 2007. година ја подари јахтата Олимпија, вредна „само“ 25 милиони фунти, на својот голем пријател Владимир Путин.