Гвардиола: Баерн е најсилен тим во Европа, а Ливерпул во Англија

Пеп Гвардиола даде многу интересна изјава во врска со тврдењата дека „граѓаните“ во моментов се најсилниот тим во Европа.
Шпанецот истакна дека значајни трофеи не се освојуваат во март, па неговиот тим се уште нема постигнато ништо оваа сезона. Во овој контекст, Пеп рече дека во моментов најдобар тим во Европа е Баерн, а во Премиер лигата – Ливерпул, кој и понатаму е актуелен шампион.
„Најдобар тим во Европа е Баерн затоа што освоија се што е можно. Во Англија шампион е Ливерпул, тие се најдобри. Ако сакате да земете нечија круна, мора да ја освоите. Никој не станува шампион во март.
Има уште 36 бода за освојување во лигата. Секој тим може да загуби неколку последователни натпревари за само една недела. Утре имаме тежок противник во Вулверхемптон. Потоа имаме натпревари со Манчестер Јунајтед, Саутемптон, а потоа со Фулам, кој игра многу добро. Кога остануваат 10, 12 или 15 поени до крајот, тоа е сосема поинакво, но 36 поени се многу”, заврши со својата изјава Гвардиола.