„Можеме да го доведеме Халанд!“

Претседателот на Баерн, Херберт Хаинер тврди дека неговиот клуб може да го доведе Ерлинг Халанд. Напаѓачот на Борусија Дортмунд е еден од најбараните играчи на светот и се поврзува со заминување во некој од најголемите клубови. Тој постигна 27 погодоци и подели седум асистенции во 27 настапи за Дортмунд во сите натпреварувања оваа сезона. Халанд е на мета на Реал Мадрид, Манчестер Сити, Челзи, Манчестер Јунајтед и Барселона, а неговата откупна клаузула наводно изнесува 75 милиони евра. „Ние сме економски силен и здрав клуб. Иако и ние патиме поради пандемијата, секогаш можеме да доведеме играчи кога сме уверени во нивните квалитети.“ – вели Хаинер. Хаинер потврди дека клубот преговара за нови договори со Горецка и Суле, а нивните сегашни договори истекуваат во 2022. година. Баерн веќе го договори доаѓањето на Дајот Упамекано од Лајпциг, па тој од наредната сезона ќе го носи дресот на германскиот шампион.