Серхио Рамос и Реал пред дефинитивен договор

Дефанзивецот, Серхио Рамос, може да остане во редовите на фудбалскиос тим Реал Мадрид уште две сезони. Според наведеното, капитенот на „белите“ кој ги одбиваше сите понуди за нов договор и сакаше да си замине, сега се предомислил и најверојатно ќе ја продолжи соработката со клубот. Доколку тоа се случи, искусниот ветеран ќе заработи околу 20 милиони евра за наредните две сезони.