Закерони: Лукаку е спремен да ја освои „Златната топка“

Поранешниот тренер на Милан, Лацио, Интер и Јувентус, Алберто Закерони, смета дека Ромелу Лукаку лесно би можел да ја добие златната топка оваа година.
„Мислам дека таа награда треба да оди кај играчот кој прави разлика, техничка и физичка, тоа се најважните карактеристики. Искрено, не би ме изненадило да ја добие Лукаку, вели Закерони.
Лукаку оваа сезона во 24 настапи во Серија А постигна 18 гола со седум асистенции, а во осум средби од Лигата на шампионите и купот на Италија беше стрелец уште шест пати.