Премиерлигашка легенда на 38 години ја освои својата прва титула во кариерата

Глазгов Ренџерс е нов шампион на Шкотска. Култниот шкотски клуб ја прослави својата 55. шампионска титула, прва уште од 2011. година. По големата криза и банкротот, клубот беше испратен во четвртата лига во 2012. година и беше присилен да го промени името. Во последните неколку сезони започна да расте, а со оваа титула го достигна и врвот. Еден од најсреќните во екипата на Стивен Џерард беше легендарниот Џермејн Дефо. Овој сјаен 38-годишен напаѓач со години беше еден од најугледните голгетери во Премиерлигата, но никогаш во кариреата не успеал да освои еден голем трофеј. До сега, имаше само една титула и тоа во Лига купот со Тотенхем. Кариерата ја започна во Вест Хем, а играше уште за Тотенхем, Портсмут, Сандерленд, Торонто и Борнмут, а од 2019. година е член на Ренџерс.