Клоп на лето подготвува вистински ремонт!

Актуелниот англиски шампион Ливерпул игра катастрофална сезона во Премиерлигата, па тренерот Јирген Клоп направи листа на потенцијални засилувања за наредната сезона. Оваа информација ја пренесе некогашниот напаѓач на Ливерпул, Стен Колимор повикувајќи се на тоа дека лошата форма на поединци и повредите на други играчи ги забрзаа плановите на „црвените“ за претстојната сезона. Како што се наведува, на листата желби се наоѓаат најмалку четворица фудбалери. Меѓу нив е фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, за кој се интересира и Реал Мадрид, Давид Алаба, кој од ова лето ќе биде слободен играч, а на истата беше и Дајот Упамекано, кој веќе се договори со Баерн Минхен. Тука е и првата ѕвезда на Астон Вила, Џек Грилиш за кој се интересира и најголемиот ривал на Ливерпул, Манчестер Јунајтед. Се додава дека оваа листа не е заклучена и дека во некои решенија може да се прошири и на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. По поразот од Фулам, тимот на Клоп е на седмото место на табелата со четири бодови заостанување од местото кое води во Лигата на шампионите.