Алиоски од следната сезона ќе игра за Галатасарај

Се поизвесно станува дека Езџан Алиоски на крајот од сезоната ќе се пресели во редовите на Галатасарај. Од утрово најголемите спортски медиуми во Труција на големо тврдат дека преговорите помеѓу Галатасарај и македонскиот репрезентативец завршиле успешно и дека детали го делат трансферот од официјализација. Договорот на Алиоски со Лидс завршува на крајот на оваа сезона и по се што се случува тој нема да биде продолжен. Се шпекулира дека Лидс доставил понуда до Џани, но таа не била доволно добра.